среда, 1 април 2026

Ѓорѓиевски: Грижа за Водно, душата на градот!

Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието.  За скопјани – засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието. Токму затоа, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди изгледот и функционалноста на оваа парк-шума, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Николовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки со ширина од 2,5 до 3 метри и должина 5 километри, со што значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители.

Дополнително, издаден е налог до ЈП Паркови и зеленило за целосна реконструкција на урбаната опрема – обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи, со цел Водно да добие уреден, безбеден и современ изглед, достоен за сите посетители“, нагласува Георгиевски.

Во насока на зголемена безбедност а во соработка со Црвениот крст, во текот на летниот период ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери, подготвени да интервенираат во евентуални непредвидени ситуации.

„Активностите на терен ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои се ангажирани секојдневно во одржување, уредување и заштита на просторот, со зголемен интензитет токму во овој период. Остануваме посветени на заштитата и унапредувањето на Водно како едно од најзначајните природни богатства и омилено место за рекреација на граѓаните“, порача Георгиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ