Како што вели Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“.
„Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат новогодишните и божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот Македонија, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух“, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.
Според него, од утре до 31 декември секој ден ќе има настани и забави за сите генерации, а дочекот на Новата година ќе биде спектакуларен и незаборавен.
Ѓорѓиевски претпладнево на прес-конференција ќе информира за новогодишното украсување и новогодишната програма и настаните на Град Скопје.






