Паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива модерен и достоинствен изглед.
Фонтаната „Лотос“ е еден од најистакнатите симболи на Скопје и повторно ќе биде катче каде генерации скопјани ќе се собираат, создаваат спомени и уживаат во убавината на јавниот простор.
Како што истакнуваат надлежните, Скопје се гради заедно, по скопски, со внимание кон културното и историското наследство на градот.






