На средбата се разговараше за законските обврски на општините во делот на обезбедување соодветни простории за општинските изборни комисии, навременото и непречено преземање на изборните дејствија, како и потребната техничка опременост и сите неопходни услови за нивната работа.
Посебен акцент беше ставен на обезбедувањето простор за примање, транспорт и чување на изборниот материјал, со цел да се гарантира сигурен и транспарентен изборен процес.
Договорено е ЗЕЛС навремено да ги информира општините за преземање на сите потребни активности, со крајна цел граѓаните непречено да го остварат своето право на глас.
„Како претседател на ЗЕЛС, сакам да нагласам дека заедно со општините стоиме целосно на располагање на ДИК. Нашата заедничка цел е успешно надминување на сите можни предизвици и обезбедување услови за фер, демократски и непречени локални избори“, истакна претседателот на ЗЕЛС.






