петок, 13 март 2026

Ѓорѓиевски: Бутел добива нова пешачка патека, а се чисти и уредува и коритото на Серава

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел, соопштија денеска од Одделението за односи со јавноста при Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Почетокот на активностите бил означен во присуство на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

„Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и изградба на пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за прошетка, рекреација и дружење на граѓаните. Долж патеката ќе биде поставено современо лед-осветлување, урбана опрема и нови клупи, а просторот ќе биде дополнително разубавен со ново зеленило. Во рамки на проектот, предвидена е и изградба на нови детски игралишта, со цел создавање безбеден и уреден простор за игра и рекреација на најмладите“, информираа од Град Скопје.

Додадоа дека со реализацијата на овој зафат, општина Бутел во соработка со Град Скопје продолжува со активности насочени кон подобрување на јавниот простор и квалитетот на живот на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ