вторник, 17 февруари 2026

Ѓорѓиевски: Булеварот „Борис Трајковски“ конечно се довршува!

Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје булеварот „Борис Трајковски“, пишува на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје булеварот „Борис Трајковски“, пишува на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

default

„Денеска остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал недовршен.

Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван, но премногу пати неисполнет проект. Овој булевар е еден од моите најзначајни приоритети, покрај останатите капитални инфраструктурни зафати во градот. Предолго беше заглавен од моите претходници, претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани.

Тоа време завршува“, порача Ѓорѓиевски по состанокот на кој е постигнат договорот.

Истовремено, тој најави дека во најскоро време ќе биде објавена јавната набавка, а проекциите се дека изградбата ќе биде комплетирана до крајот на оваа календарска година.

„Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево – заминуваат во минатото. На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека. Мојот народ заслужува безбедност, достоинствено движење и модерна инфраструктура“, вели скопскиот градоначалник и замолува за уште малку трпение додека траат градежните активности, свесен за разочарувањата на граѓаните од недовршеното решение на овој проект во минатите години.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ