четврток, 29 мај 2025

Ѓорѓиевски: 22 капитални проекти, меѓу кои и нова поликлиника во Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакнува дека проектите се насочени кон суштински подобрувања во здравството, образованието, комуналната инфраструктура, сè со цел создавање подобри услови за живот и рамномерен развој на сите делови на општината.

Објавено на

часот

Сподели

Градиме нова поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти. Општина Кисела Вода до крајниот рок на јавниот повик за капитални инфраструктурни инвестиции од страна на Владата, поднесе вкупно 22 проекти.

Новите 6 проекти за кои се аплицираше се: Поликлиника на ГП 06.01, формирана со урбанистички план согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање;
Фекална канализација за населбата Бабин Дол, согласно урбанистички план за четврт Ј15; oсновен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Драчево, КП 8411/1, КО Драчево 1; oсновен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Пинтија, КП 6377, КО Кисела Вода 2; oсновен проект за доградба на спортска сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, населено место Драчево, КП 8824, КО Драчево 1; oсновен проект за јавно улично осветлување на патот кон манастир Пеленица.

Овие 22 проекта се директна инвестиција во секојдневието на нашите граѓани – во нивната безбедност, здравје, образовни и социјални услови. Со нив сакаме да го поттикнеме локалниот економски раст, да создадеме нови можности и да ги унапредиме услугите што ги добива секој жител. Искрено сум благодарен на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски за отворањето на овој повик и за можноста да се пријавиме со конкретни проекти кои нудат суштински решенија. Верувам дека токму преку вакви партнерства се градат заедничките вредности – постигнување на рамномерен развој и еднакви можности за секој граѓанин, без разлика каде живее, вели Ѓорѓиевски.

Шесте нови, се надоврзуваат на претходно поднесените 16 проекти: Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. „Томе Арсовски” од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода; реконструкција на улица „Жил Верн”, општина Кисела Вода; реконструкција на улица „527”, општина Кисела Вода; основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица ,,Саса” со краци, улица ,,Речиште” со краци, улици во ,,Герника” и улица „Иван Хаџиниколов” на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица „Иван Хаџиниколов” со краци и улица Герника; основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“, основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица „Саса” со краци, улица „Речиште” со краци, улици во „Герника” и улица „Иван Хаџиниколов” на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица „Речиште” со краци; основен проект за реконструкција на коритото на р. Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р. Мала Рада); основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица „Саса” со краци, улица „Речиште” со краци, улици во „Герника” и улица „Иван Хаџиниколов” на територија на Општина Кисела Вода – Опфат: улица „Саса” со краци; основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор; oсновен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. ,,Малешевска” 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода; oсновен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода; oсновен проект за реконструкција на улица ,,Киро Фетак” во дел кај мостот; oсновен проект за доградба на ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер); новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода; основен проект за Реконструкција на ул. ,,Томе Арсовски” во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и
основен проект за реконструкција на ул. „Фредерик Шопен” во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ