петок, 20 февруари 2026

Ѓорѓиевски побара, а СДСМ иронично се извини за чантата на неговата сопруга

Опозициската СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вчерашниот настан во Македонската филхармонија по повод 100 дена од неговиот мандат се појавила со луксузна чанта од марката „ермес“, која е една од најексклузивните и најскапи марки на чанти во светот.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквите чанти марка ‘ермес мини Кели 2’, од 20 сантиметри, чинат од 28 до 33 илјади долари“, велат од партијата.

Според СДСМ, додека работниците едвај врзуваат крај со крај и протестираат за повисоки плати, Скопје се дави во ѓубре, а граѓаните со часови чекаат автобуси, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат.

По обвинувањата од опозициската партија, се огласи и Ѓорѓиевски, кој побара од СДСМ во рок од 24 часа да се извинат на нивниот официјален Фејсбук-профил, каде што беше објавена информацијата за чантата. Тој вели дека не се точни тврдењата дека чантата чинела 30.000 долари и тврди дека чини помалку од 1.000 денари.

„Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите. Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство. Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации. Времето на валкани игри, завршува“, рече Ѓорѓиевски.

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до Ѓорѓиевски.

„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп. За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник. 20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година. 76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година. Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме? Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски? Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра? Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува? Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе? А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е. Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме, да“, стои во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ