Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во разговорите биле отворени прашања за идна соработка и заеднички проекти во интерес на граѓаните на Скопје.
„Црвениот Крст на Скопје е симбол на човечноста, солидарноста и пожртвуваноста. Зад секој волонтер стои приказна за спасен живот, помогнато семејство или згрижено лице. Токму тие приказни се темел за градење посилна иднина со Градот,“ истакна Ѓоргиевски.
Тој најави повеќе конкретни чекори доколку ја добие довербата на скопјани, зголемување на бројот на дневни центри, 50% поголемо финансирање за ангажирање на помагатели за деца со интелектуална попреченост и возрасни лица, дополнителна поддршка за пунктот за бездомници, обновување на поддршката за тимот за итна реакција при катастрофи, воведување на ‘итно копче’ на целата територија на градот со 200 нови уреди, како и развој на нови иновативни проекти за подобрување на благосостојбата на граѓаните.
„Скопје ќе биде град кој се грижи за секој свој граѓанин, а Црвениот Крст ќе остане наш најсилен сојузник во оваа благородна мисија,“ нагласи Ѓоргиевски.






