недела, 14 декември 2025

Гевгелиската полиција уапси Србин, возел со фалсификувани таблички

Основното јавно обвинителство (OJO) Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело фалсификување исправа.

Фото: ИлустрацијаУапсен

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.

„Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило. По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот“, соопштија од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ