Молот, лоциран на еден километар од граничниот премин Богородица, на самиот автопат, се простира на 10.000 m² распоредени на три нивоа.
Во молот се наоѓа најголемото „Џамбо“ во Македонија, Duty Free / Travel Free продавница, Amore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови како Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino, како и M Outlet, кои дополнително ќе ја збогата понудата на центарот.

Свој простор имаат и SOHO кафетерија, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.
Покрај модните брендови, во Гевгелија мол се наоѓаат и Веро, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.
Со отворањето, Гевгелија мол се позиционира како нов центар за шопинг, забава и инспиративни моменти во регионот, комбинирајќи модерен амбиент, врвни брендови и динамична атмосфера за сите генерации.

„Нашиот тим работеше посветено на овој проект, меѓу другото, анализирајќи ги потребите, но и желбите на граѓаните, при што внимателно го осмислувавме секој детал – од изборот на брендови до услугите и просторната поставеност. Верувам дека нашиот труд за кусо време ќе резултира со бројни задоволни посетители и дека секој кој ќе го посети Молот ќе може да ужива во модерниот амбиент, динамичната атмосфера и пред сè разновидната понуда за шопинг“, изјави Мимоза Маркова, менаџер на „Гевгелија мол“.

Гевгелија Мол ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, односно до 20 часот во недела.






