петок, 3 април 2026

Германската компанија Хере ќе мапира локации во Македонија во 3-д форма

Германската компанија „ХЕРЕ технологии“, како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, а во рамки на напорите да се понудат најнапредните мапи на светот, од следната пролет ќе мапира високо чувствителни тридимензионални (3-д) форми на локации во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Хере, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2026 година при улици ќе вози со возило опремено со најнова технологија. Јасно обележеното „ХЕРЕ“-возилото, покрај 3-д и снимките на улично ниво, ќе ги опфати и интересните точки како што се продавници, бензински пумпи и ресторани. Овие информации ќе се користат за создавање богати и детални мапи на македонските патишта, дизајнирани за поддршка на високо автономни возила и други напредни услуги коишто ја подобруваат безбедноста на патот, го намалуваат сообраќајниот метеж и им овозможуваат на луѓето полесно да навигираат во урбаните области.

„ХЕРЕ“ работи на прецизно мапирање на светот за активизирање на автоматските возила и други напредни услуги.

„Хере е посветена на почитување и заштита на приватноста на луѓето. Регистрираните снимки се чуваат во возилото и потоа во шифриран облик се пренесуваат и се чуваат во безбеден објект. По нивното пренесување, заради замаглување на лицата и регистарските таблички, снимките се преработуваат со софтвер и напредни алгоритми водечки во индустријата. Снимките ќе се објават само по замаглување на лицата и регистарските таблички. Во ретки случаи, како на пр. кога снимката правилно не е замаглена, ‘ХЕРЕ’ ја олеснува секој да го пријави овој случај. Посетете ја официјалната страница и во долниот лев агол на картата кликнете на алатката ‘Пријави’. За да дознаете повеќе за проектот, за тоа како ‘ХЕРЕ’ ја заштитува вашата приватност и за да уживате во богатото искуство со мапирање, Ве молиме да ја посетете веб-страницата“, се вели во соопштението.

„Хере е платформа со отворена локација, којашто на луѓето, институциите и градовите им овозможува да ja користaт моќта на локацијата. Ние се зајакнуваме за светот низ призмата на локацијата да добие смисла и на нашите клиенти да им помогнеме да постигнат подобри резултати, и тоа – преку помагање во управувањето со градската инфраструктура или преку помагање на деловната активност да ги оптимизира своите средства сѐ до безбедно насочување на возачите на возилата до нивната дестинација. За подетални информации за ‘ХЕРЕ’,  вклучувајќи ги и нашите услуги на платформата за локација засновани на новата генерација облак, посетете ја нашата веб-адреса“, велат од Хере.

Наредниве недели возилото ќе патува по сите поголеми патишта низ целата земја и по улиците на некои градови. Целиот процес тече непречено и не го прекинува редовниот проток на сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ