петок, 5 декември 2025

Герасимовски: Општокорисната работа да стане системска мерка за ресоцијализација на малолетниците

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржал работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во Македонија. на состанокот било разговарано за начинот на спроведување на општокорисната работа и превенција на вандализмот кај малолетниците.  информираа од Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

„Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, со цел да се изнајдат решенија и спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците. Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и активно учество на целата заедница. Се разговараше и за потребата од дополнителна регулација во областа на правата на децата и малолетничката деликвенција, преку подзаконска рамка и унифицирање на постапувањето на сите надлежни институции на државно ниво“, пишува во сооптшението.

Како што се наведува Општина Центар, прва ја покренала иницијативата, која потоа ја поддржа и ЗЕЛС, за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како воспитна мерка за малолетни сторители на вандализам.

„Вандализмот е сериозен проблем што бара итна и координирана реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со одговорност“, заедно со нивните родители, порача градоначалникот Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и ресоцијализација. Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа, сооптшуваат  од општина Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ