Како што соопшти Општина Центар, првите гранчиња симболично ги пресекле бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности.
„Секоја година, овде на Водно, се собираме за да ги зачуваме и одбележиме македонските вековни обичаи. Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности“, порачал Герасимовски.


На настанот, во организација на здружението „Одбор за традиционална прослава на Бадник“, граѓаните се почестиле со посна трпеза и во добро расположение испратиле пораки за здравје, среќа и благосостојба за празниците.
Собраните бадникови гранчиња, како симбол на сила, здравје и среќа, на 6 јануари ќе бидат споделени на верниците на централната прослава во Соборниот храм.






