Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме.
„Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала, улици и граѓани. Бидејќи за нас најважен е граѓанинот. Со Вас, ја правиме најсилната коалиција, најсилното движење и најдоброто решение за Центар што го сакаме. Како и досега, и во овие денови, со нашиот центарски и најголем тим од 600 волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби. Директно и јасно, чесно и одговорно, со план и со највисока почит. Верувам во Вашата мудрост и желба да продолжиме да го градиме Центар што го сакаме. Безбеден. Чист. Зелен. Хуман. Солидарен. Достоинствен. Отворен и модерен. Центар на културата, најдоброто образование и спокојното живеење. Посакувам и ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Веруваме дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.
Носителот на советничка листа Александар Савевски, истакна дека Герасимовски покажал како најдобро се води општина и како жител на Центар одлучил да ги предводи одличните кандидати за советници, со целосна доверба и поддршка за Горан Герасимовски.

„Застанувам зад Герасимовски, затоа што тој и тимот работат за сите, не ги делат луѓето и нудат решенија преку чесна и одговорна работа. Застанувам со него, затоа што тој предводи вистинско граѓанско движење, нова енергија во Центар! Решив да бидам со Горан затоа што како и за мене, и за него, граѓанинот е во центарот, затоа што знае да слуша, да исполнува, знае да обединува и знае да води општина со сите и за сите, без политика и интереси. Центар што го сакаме е за сите, без делби и кавги, со вистинска култура и разбирање. И како доктор и како иден советник, за мене луѓето се најважни. За Центар, за граѓаните, целосно ќе работам. И затоа ја барам подршката да сработиме за Центар што го сакаме“, изјави Савевски.






