Како што нагласи Георгиев, тоа го посочува во случај доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од „европскиот консензус“, (како што тој го нарекува „францускиот предлог„ – дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.
Министерот за надворешни работи на Бугарија смета дека уставните измени што ги бараат од Македонија, не се само бугарски билатерализирање на процесот на проширување на ЕУ, туку дека се работело за „европски консензус“.
„ Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус. Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права. Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија и ги поставува. И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување“, вели Георгиев.
Шефот на бугарската дипломатија е категоричен дека неговата земја „нема ниту да промени нешто во мислењето, ниту пак има нешто ќе отфрли“ од т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година.
„Бугарија има многу јасно структурирана позиција по прашањето за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балка: европската интеграција, безбедноста на регионот, заемните прекугранични односи. Од наша страна, мислам дека нештата се кристално јасни. Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму, сè што би можело да биде направено како заеднички придонес на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено. Но треба да се знае дека членство во ЕУ, базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите“, порача Георгиев.
На оценката на водителката дека „овој аспект отсуствува од дебатата во Скопје, каде пред македонското општество „уставните измени се претставуваат како единствен, а не како прв услов“, Георгиев вели дека тој постојано посочувал на тоа.
„Затоа постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот“, потенцира повторно Георг Георгиев.