Таа побара од судијката Диана Груевска Илиевска да го префрлат нејзиниот штитеник во затворот во Скопје, а како што кажа на минатото рочиште, причината е што тој таму бил понижуван и деградиран. Но, наспроти тврдењето на одбраната, од затворот во Куманово испратиле писмено известување до судот во кое стои дека Деко негирал дека бил деградиран, туку имал забелешки што му го земале душекот.
Судијката Груевска Илиевска посочи дека се слушнала на телефон со затворот во Куманово од каде и посочиле дека биле информирани за барањето. После неколку дека судот доби писмено известување кое гласи :
„Во врска со добиените сознанија од ден 25 февруари дека Дејан Јованов се жали на несовесно однесување, на 26 февруари е извршен разговор со истиот и Јованов посочи дека нема никаков проблем со ниту еден вработен во затворот, туку забелешките биле зошто му бил заменет душекот. Во врска со барањето за друг душек, ако Јованов има потреба од специјален душек, тоа треба да биде поткрепено со соодветно барање и медицинска документација. Бараме од вас во иднина да не се земаат предвид ваквите паушални изјави, кој го нарушуваат угледот на затворот“, стои во писменото известување на затворот во Куманово.
И на минатото рочиште адвокатката Ивана Коцевска наведе дека затворскиот персонал во кумановскиот затвор кон обвинетиот Јованов се однесува деградирачки, нечовечки и понижувачки кон обвинетиот.
Пожарот во дискотеката во Кочани избувна лани во март за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.
К.Д.






