четврток, 5 март 2026

Газда Деко од „Пулс“ се жали дека го понижувале и деградирале во притвор во Куманово, па бара да оди во „Шутка“

Дејан Јованов, викан газда Деко кој долги години ја работеше дискотеката „Пулс“ во која лани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, преку неговата одбрана денес на судското рочиште во Идризово се пожали дека во притворското одделение во затворот во Куманово се однесувале лошо кон него, па сега бара да биде преместен во Истражниот затвор во Шутка. Судијката Диана Груевска Илиевска посочи дека ќе се направи проверка дали има место во затворот во Шутка, посочувајќи дека и таму притворските одделенија се пренатрупани, па не се знае дали ќе има услови за тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатката Ивана Коцевска наведе дека затворскиот персонал во кумановскиот затвор кон обвинетиот Јованов се однесува деградирачки, нечовечки и понижувачки кон обвинетиот.

Дополнителни причини, според неа, се и тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, но и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција.

Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, побара да се преипита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, како и да се направи издвојување на постапките.

Според него, обвинението против дел од обвинетите, вклучително и Шефкет Хазари е правно неодржливо, бидејќи тие имале законска надлежност за инспекциски надзор, посочувајќи дека правдата не смее да се гради врз неправда. Воедно, побара и да се одложи денешното рочиште.

Судот го одби неговото прво барање со образложение дека не може да му наложи на Обвинителството како да постапува.

На денешното рочиште се сослушуваат сведоци.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ