Судењето е во тек со сослушување на сведоци.
Газда Деко од Кочани имал мобилен во притвор, доби опомена од судијката Груевска Илиевска
Дејан Јованов, газдата на дискотеката „Пулс“, а првообвинет во постапката за трагедијата во Кочани, во ќелија во затворот во Куманово, каде ја издржува мерката притвор, криел мобилен телефон кој бил најден од затворската полиција. Судијката Диана Груевска Илиевска на денешното судење во Идризово, на обвинетиот му посочи дека денес го опоменува, а следниот пат ќе забрани посета.

Објавено на
часот





