петок, 13 март 2026

Гаши за Божиќ: Овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод  празник Божиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

„По повод православниот Божик, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата“, се наведува во честитката.

„Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ!“, стои во честитката од Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ