четврток, 8 мај 2025

Гаши верува дека со собраниска дипломатија ќе се надминат пречките за уставните измени

Претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека по различни настани во европски и светски рамки, има нов политички моментум за зголемена волја на државава да го забрза евроинтеграцискиот процес.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до парламентарната дипломатија навистина е нешто што е врвен проритет за мене. Сакам да го развиеме како држава. Тоа е еден тренд кој се развива во поразвиените демократии. Токму заради ова јас реализирав историски средби во Берлин, Париз, Стокхолм, Брисел, Европскиот парламент и во седиштетот на НАТО. По настаните во Украина, војната и по претседателските избори во САД, има нов политички контекст и моментум за зголемена волја за нашата држава да го забрза нејзиниот интегративен процес“, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Спикерот потенцира дека државата има многу пријатели кои сакаат да помогнат и се надева дека ќе се надмине препреката, односно гласањето на уставните измени.

„Така што, работиме на сите нивоа, и јас како претседател на Собрание, ги користам сите алатки и можности за развивање на оваа парламентарна дипломатија, а во овој контекст работиме најмногу за објаснување на ситуацијата која ја имаме со најголемата препрека, а тоа се уставните измени. Имаме многу пријатели, сакаат да ни помогнат и јас се надевам најискрено дека конечно ќе успееме да ја преминеме и оваа пречка“, рече Гаши.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ