„Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија да ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество“, се наведува во честитката.
Како граѓани на нашата заедничка татковина, се додава, нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање, хармонија и мир, кои ќе бидат цврст темел за просперитетна и стабилна иднина.
„Нека овие велигденски денови бидат исполнети со семејна среќа, лична радост и заеднички спокој, поттикнувајќи нè да се соочуваме со сите предизвици преку позитивни примери и меѓусебна поддршка. На сите вас, драги пријатели, ви посакувам мир, добро здравје и благосостојба, и да го поминете Велигден во топлина и љубов со вашите најблиски. Честит Велигден!“, се наведува во честитката од претседателот на Собранието, Африм Гаши.