„Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна“, се вели во објавата.
Гаши упатува благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал за нивниот професионалност, посветеност и хуманост.
„Исто така, од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за бројните пораки и постојаниот интерес. Вашата грижа беше дополнителна сила за моето закрепнување.
Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив“, вели Гаши во објавата на Фејсбук.
Претходно, од Кабинетот на претседателот на Собраниетоинформираа дека по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија, Гаши е пуштен на домашно лекување.






