недела, 14 декември 2025

Гаши упатил писмо до Уставниот за информација за постапката за Кривичниот законик

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека судот добил писмо од спикерот на Собранието, во кое се бара од предлагачот на законот (Владата) да го информира во која фаза е постапката за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Костадиновкси нагласи дека предметот е пресериозен и Уставниот суд е должен да ги цени сите околности, и да има предвид што ќе значи секоја одлука за владеењето на правото, за правната сигурност и влијанието на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

„Ако е тоа така, а така е, замислете ние да бидеме строго формалисти и доколку не му дадеме уште една шанса на законодавецот, условно кажано да се коригира, и ја донесеме одлуката. Тогаш и ние учествуваме во таа непоправлива штета за владеењето на правото и правниот поредок“, нагласи Костадиновски, подвлекувајќи дека „сè уште стојам на мојот став, дека Собранието со носењето на тие измени во Кривичниот законик направи непоправлива штета на владеењето на правото и на правниот поредок“.

Според Костадиновски со одлуката на Уставниот суд и со должноста на законодавецот да се усогласи со нивните правни стојалишта се брани правната држава, владеењето на правото и правата на човекот и на граѓаниниот.

„Не ни сакам да се обидам да ви ги објаснам правните последици од една таква наша одлука. Ќе бидат уште подраматични и уште пострашни од одлуката на Собранието да направи такви измени, што значи ќе мора малку трпение. Незгодно е што крајниот рок се совпадна и со изборниот процес. Ќе мора малку трпение и малку слух и најважно од сè, со нашата одлука и со должноста на законодавецот да се усогласи со нашите правни стојалишта да ја браниме правната држава, владеењето на правото и правата на човекот и на граѓаниниот“, изјави Костадиновски.

Уставниот суд на 12 февруари годинава донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на законските измени и дополнувања на Кривичниот законик,во целина и дополнитлено да испрати известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.

Рокот истече на 12 август годинава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ