сабота, 3 мај 2025

Гаши: Смртта на папата е голема загуба за човештвото

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата Франциско посочува дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво.

Објавено на

часот

Сподели

„Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро. Со својата едноставност, со безусловната љубов кон човекот и природата, папата Франциско допре до срцата на милиони луѓе низ целиот свет, надминувајќи верски, национални или идеолошки граници“, истакнува Гаши.

Тој додава дека неговото наследство ќе остане водич за идните генерации за изградба на посправеден, помирен и поединствен свет.

„Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, изразувам најискрени сочувства за оваа незаменлива загуба за католичкиот свет и за целото човештво. Нека биде вечен споменот за него“, се вели во сочувството на Гаши за папата Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ