четврток, 29 мај 2025

Гаши почитува презумпција на невиност во случајот со претседателката на ДКСК

По актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека доколку низ судска постапка се потврдат наводите, тогаш претседателот на Собранието без двоумење ќе иницира соодветна собраниска процедура за разрешување.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност и независноста на судските органи, претседателот на Собранието се воздржува од какви било прерани коментари. Основен приоритет е да им се овозможи на надлежните институции да ја завршат својата работа без какви било притисоци или влијанија. Сепак, доколку наводите бидат потврдени низ судска постапка, претседателот на Собранието ќе постапи без двоумење и ќе иницира соодветна собраниска процедура за разрешување“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието.

Одговорноста за зачувување на кредибилитетот и интегритетот на институциите, како што се наведува, е врвен приоритет и обврска која не трпи компромис.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ