„Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот.
Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани“, вели Гаши во честитката до македонските граѓани.
Спикерот на Собранието порача и дека празникот треба да биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување.
„Честит 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски!“, се наведува во честитката на Африм Гаши.






