„Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права“, вели Гаши во честитката.
Ромската заедница, потенцира тој, е важен дел од општествениот и културниот мозаик на нашата земја.

„Ја нагласувам одговорноста на институциите за создавање политики и механизми што гарантираат еднакви можности, квалитетно образование, економска вклученост и достоинствен живот за секој граѓанин, без разлика каде припаѓа. Нека овој ден послужи како поттик за продлабочување на соработката, зајакнување на разбирањето и унапредување на вредностите на почит и еднаквост во нашето општество“, пишува претседателот на македонското Собрание во честитката.
Исто така и потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок.

„Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството. Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите права и можности за сите граѓани, како и на градење општество на единство, заедништво и меѓусебна почит, без поделби по која било основа. Министерството за односи меѓу заедниците ќе продолжи со активни политики насочени кон зајакнување на положбата и вклученоста на ромската заедница во сите општествени процеси. На сите припадници на ромската заедница им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите “, се наведува во честитката на Стоилковиќ.






