петок, 5 декември 2025

Гаши ги рaспиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска  ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, во првиот круг од изборите немаше доволен број излезени граѓани на гласање. Локалните избори во овие четири општини ќе се одржат на 11 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска  ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, во првиот круг од изборите немаше доволен број излезени граѓани на гласање.

Во писмена изјава за повторните избори за градоначалници во овие четири општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието Гаши посочува дека со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури.

„Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности“, вели Гаши.

Претседателот на Собранието ги повика граѓаните на 11 јануари масовно да учествуваат и да го остварат своето право на изборите.

„Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет“, рече Гаши.

Собранието, завршува тој, останува посветено на редовните демократски процеси и на консолидирањето на институциите на државата.

Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа изборите мора да се повторат бидејќи на 19 октомври, на гласање не излегоа доволен број граѓани.

Локалните избори во овие четири општини ќе се одржат на 11 јануари.

За 13 часот седница закажа и Државната изборна комисија, која треба да ги почне подготовките за повтореното гласање во овие општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ