четврток, 24 јули 2025

Гаши ги отфрли шпекулациите дека ја напушта Вреди

Африм Гаши, претседателот на Собранието, ги демантираше гласините дека би можел да ја напушти коалицијата Вреди. Тоа се злонамерни фабрикации со цел да внесат раздор пред локалните избори, рече тој.

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту сум ја предал оваа кауза, ниту некогаш би го сторил тоа. Тоа е надвор од мојот политички и морален кодекс. Алтернатива има силна поддршка за продолжување на заедничкиот пат со партнерите од Вреди. Коалицијата веќе ги почна интензивните подготовки за претстојните локални избори и убеден сум дека ќе освоиме мнозинството од општините со мнозинско албанско население“, рече Гаши и додаде дека граѓаните препознаваат кој досега се борел за нивните интереси и кој покажал храброст и визија.

Во последниот период се појавија информации во медиумите дека дел од членовите на коалицијата Вреди, меѓу кои и Гаши, наводно размислуваат за самостоен настап на локалните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ