четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Гаши: Достојна и безинцидентна кампања

Им честитам на граѓаните и на сите политички фактори за водењето на достојна и безинцидентна кампања. Изборниот процес досега поминал на примерен начин, изјави претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата во нашата држава. Досега немавме ваква кампања. Се надевам дека и денешниот ден ќе заврши во иста демократска и мирна атмосфера,“ изјави Гаши.

Тој, исто така, ги повика надлежните институции да продолжат да бидат на ниво на задачата до завршувањето на изборниот процес, спроведувајќи го на најчесен и најодговорен можен начин.

На крај, претседателот на Собранието ги повика граѓаните да излезат и слободно да гласаат, со целосна доверба и убеденост во својата иднина во наредните четири години, нарекувајќи го овој ден „празник на демократијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ