вторник, 17 март 2026

Гаши до Костадиновски: Секој треба да си гледа во својот двор!

Секој треба да си гледа во својот, а не да гледа во туѓиот двор. Ова го изјави Африм Гаши, претседателот на Собранието на забелешките на првиот човек на Уставниот суд Дарко Костадиновски за работата на законодавниот дом дека не ги извршува обврските кои од нив ги бара Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Гаши вели дека не е вина на Собранието тоа што за дел од законите не се почитуваа роковите одредени од Уставниот суд. „Ние не ги правиме измените на законите на кои посочува Костадиновски, туку одредени министерства се задолжени за тоа. На секоја координација има претставник на Влада и кога имаме таков случај ние постојано прашуваме до каде е тој закон. Како политичар не влегувам во конфликт со други институции, но кога би гледале како работи институцијата која ја раководиме таа подобро ќе функционира. Јас гледам како работи и од тоа се водам во раководењето на Собранието. Без мислење од Владата не можеме да преземеме одредени чекори“, рече Африм Гаши.

Костадиновски минатата недела во интервју за поткастот „Каде се парите“ критикуваше дека Собранието не ги извршува одлуките на Уставниот суд. Поради тоа, тој истакна дека нема повеќе да биде толерантен кон законодавниот дом кој, како што рече, е уставно недисциплиниран орган.

„Јас не сум сигурен дека веќе ќе бидам толку конструктивен спрема законодавниот дом. На конференција за медиумите реков дека медениот месец за Собранието заврши. Ние три шанси му дадовме на Собранието. Прво беше законот за електронски комуникации му одредивме рок 2 до 3 месеци, но не ја почитува нашата одлука. Му дадовме рок, да не настане несогледливи последици за измените на Кривичниот закон, 10 месеци. Тоа ли е однос спрема Уставниот суд. Јас често велам Собранието е уставно недисциплиниран орган“, вели Дарко Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски минатата година неколку пати предупредуваше и даде рок Собранието да ги донесе измените на Кривичниот законик, но законодавниот рок не ги запази дадените рокови, на кои инсистираше и меѓународната заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ