„Овој датум претставува одлична можност повторно да се истакне значењето на почитувањето на етничката различност и нашата заедничка заложба за еднакво, инклузивно и демократско општество, во кое сите заедници уживаат полни права и слободно придонесуваат во институционалниот, општествениот и културниот живот на државата“, се вели во честитката од Гаши.
Бошњачката заедница претставува важен и незаменлив дел од мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава.
„Затоа, на овој значаен ден, изразуваме искрена благодарност за нивниот вреден придонес во изградбата и зајакнувањето на нашата заедничка држава“, пишува во честитката од Гаши, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.






