среда, 25 март 2026

Гаши бара да се пронајдат сторителите што испратија смртни закани до пратеници на ДУИ

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. Реагираа и од Алијанса за Албанците од каде што најостро ги осудија заканите кон пратениците Албанци во Собранието.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Вознемирен од овие пораки, како што информира собраниската прес-служба, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот.

„Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик на закани, обиди за насилство или поттикнување насилство. Пратениците се директно избирани од граѓаните и додека слободата на говор е неприкосновена, таа не смее да ја загрозува слободата на другите. Анонимноста во испраќањето такви пораки или на социјалните мрежи може да му даде на испраќачот чувство на неказнивост, но мора да признаеме дека нашите институции се активни и способни. Претседателот Гаши е уверен дека испраќачот ќе биде идентификуван и соодветно санкциониран“, пишува во соопштението.

Во демократско општество, како што се наведува, нема место за закани, ниту за вознемирување во било која форма.

„Претседателот Гаши ги повикува и охрабрува сите надлежни институции веднаш да постапат во овој случај. Претседателот Гаши нагласува дека сочувствува и ја споделува вознемиреноста на пратениците и нивните семејства. Во моментот кога институциите ќе достават било каква информација за предметниот случај, медиумите ќе бидат веднаш известени од страна на Кабинетот на претседателот“, се вели во соопштението.

Реагираа и од Алијанса за Албанците од каде што најостро ги осудија заканите кон пратениците Албанци во Собранието.

„Да се осуди писмената закана, за да се спречи насилството во иднина. Овие заканувачки пораки се и поттикнување на омраза и насилство, а претставуваат директна опасност по животите на пратениците и секој граѓанин во државата. Молкот и неказнивоста на ваквите постапки претставува охрабрување за луѓето кои овој пат се дрзнаа писмено да се закануваат, а утре можеби ќе се осмелат да дејствуваат. Релативизирањето на ваквите закани остава простор за поттикнување криминални и националистички групи во земјата. Дополнителен мотив за овие постапки е националистичкиот пристап на Владата, суровиот јазик кој почна да се користи кон Албанците дури и од македонските политички експоненти и целосната индиферентност на албанските партии во Владата кои ни овој случај не го гледаат како доволен за осуду и институционално постапување.
Ги повикуваме органите на прогонот да го расветлат овој случај, заканувачите да се откријат и санкционираат и да испратат порака со која ќе се спречи насилството додека се уште е во фаза на вербална реторика“. велат од Алијанса за Албанците.

Министерството за внатрешни работи синоќа информира дека на 25 овој месец во 13:58 часот во полициската станица Центар, претставник на политичка партија пријавил дека на 23 јули 2024 година во 18:15 часот, од непозната електронска адреса, на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието била испратена порака со заканувачка содржина.

Од МВР посочија дека за настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ