понеделник, 8 декември 2025
Ден на албанската азбука

Гаши: Албанскиот јазик е незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa

Мојата заложба останува јасна, дека албанскиот јазик треба да се третира со достоинство, еднаквост и почит на секое институционално ниво. За мене лично, овој ден претставува гордост, а азбуката е наследство што ги отелотворува нашите корени и аспирации, се вели во честитката на Африм Гаши, претседателот на Собранието на Македонија по повод 22 Ноември – Ден на албанската азбука.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Овој ден претставува еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ, кога беа поставени основите на унифицираната азбука, давајќи му на албанскиот јазик сила на единство и идентитет.

Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa.

На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука“, е вели во честитката на Африм Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ