„Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“ е тема на годинашниот Доха форум.
Доха форумот претставува глобална платформа за дијалог, дипломатија и конкретни акциски решенија, наменета за постигнување фер, транспарентен и одржлив свет. На маргините на Форумот, претседателот Гаши оствари билатералана средба со шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културно наследство на Катар. Претседателот Гаши истакна дека високо ја цени визијата на Катар во развојот и промоцијата на културата, музејските вредности и културното наследство.
„Тоа може да претставува силен мост за поврзување на нашите народи имајќи предвид дека Македонија е богата со културно и историско наследство, а истовремено е отворена за соработка, размена на знаења и модерни пристапи во заштитата, дигитализацијата и презентацијата на културата“, соопшти собраниската прес-служба.

Двајцата соговорници се согласисе дека унапредувањето на соработката може да продолжи во областа на филмската индистија „со оглед дека Северна Македонија има динамична и меѓународно препознаена филмска сцена“.
„Се верува дека може да се отворат значајни можности за соработка со филмските институции и филмските фестивали во Катар — преку заеднички продукции, филмски фестивали, размена на професионалци и поддршка за млади режисери и продуценти. Со комбинирање на креативниот потенцијал на двете земји, може да се создадат проекти што ќе привлечат меѓународно внимание“, пишува во соопштението.






