петок, 13 јуни 2025

Ганиу најмил приватна фирма да го чисти ѓубрето, Град Скопје му го конфискувал возилото

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска преку соопштение ја изрази, како што вели, својата загриженост за постапката на Градскиот инспекторат на Скопје, кој денеска ја известил полицијата за да ја запре работата на камионот за собирање отпад околу контениерите, ангажирани од општината  и се обидел да го конфискува.

Објавено на

часот

Сподели

Според градоначалникот Ганиу, ова претставува неприфатлива интервенција во надлежностите на локалната самоуправа, со јасна политичка позадина.

„Поради недостаток на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори“, вели Ганиу.

Градоначалникот Ганиу упати апел до институциите за итна реакција и запирање на секоја пречка кон работата во интерес на граѓаните.

„Тој го повтори својот ангажман да продолжи со одговорност и решителност во служба на заедницата, без да молчи пред неправдите кои го нарушуваат заедничкиот интерес“, велат од Општина Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ