петок, 23 мај 2025

Галичани бараат санација на разурнатиот пат во селото – може да биде попречена и Галичката свадба

Жителите на Галичник бараат да се интервенира на патот кој пред извесно време беше оштетен од свлекување на земјиште и врушување на потпорен ѕид. Освен што е оневозможено движењето по локалниот пат, состојбата е потенцијален ризик за движењето.

Објавено на

часот

Сподели

Движењето низ Галичник за возила е во прекин од 27 април, кога се урна потпорен ѕид на единствената пат-улица во Галичник, со што целосно е прекинато движењето низ селото, се наведува во соопштението од Месната заедница.

Во дописот се наведува дека оневозможен е пристап до домовите на жителите кои се со трајно живеалиште во Галичник, како и до хотелот „Неда“. Од Месната заедница Галичник посочуваат дека имале повеќе состаноци со надлежни институции и побарале брза санација.

Ваквата состојба може да попречи и подготовките за манифестацијата „Галичка свадба 2025“, чиј покровител е претседателот на Република Македонија, а досега се одвиваат во најдобар ред

„Евентуалното одолговлекување на санацијата на патот е потенцијален ризик за безбедноста на учесници и на посетители на манифестацијата. Очекуваме од надлежните институции на државата кои веќе покажаа разбирање навремено со активности и интервенција и да овозможат враќање во употреба на патот“, стои во писмото од МЗ Галичник.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ