„Кривичните дела кои се предмет на постапката, фалсификување исправа, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама се сериозни прекршувања на законот и претставуваат загрозување на довербата во јавните институции. Фондот за здравствено осигурување ја изразува својата решителна заложба за нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови“, соопшти Фондот.
Оттаму информираа и дека веќе се преземени „серија мерки за зголемување на безбедносните стандарди, со посебен фокус на заштитата на личните податоци и унапредување на ИТ-безбедноста.
„Сигурноста на граѓаните и нивните податоци останува врвен приоритет. Овој изолиран случај нема да влијае врз угледот и професионалноста на институцијата. Напротив, решителноста да се расчисти со ваквите појави претставува доказ за нашата посветеност на транспарентност, интегритет и професионална етика. Фондот за здравствено осигурување и понатаму ќе соработува целосно со органите на прогон и ги поддржува напорите за целосно разоткривање и санкционирање на сите лица вклучени во овие противправни дејствија“, се наведува во соопштението од ФЗОМ.