„Испративме предупредување до јавните здравствени установи кои имаат магнетна резонанција да си ги проверат состојбите со апаратите и состојбите со хелиумот бидејќи хелиумот е една од суровините што е погодена од војната во Иран. И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не може да работат магнетните резонанции. Предупредени се да постапат со проверките“, изјави денеска директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Побаравме, додаде тој, да се напарават навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дури сè уште има достапен хелиум на европскиот пазар.






