При претресот на полицијата во неговиот дом биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а одземен бил и мобилниот телефон, со цел да се вештачи. Братот на И.Л. е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Град Скопје.
Вчера Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи изјави дека имаат основано сомневање дека пожарите се потпалуваат организирано. Вчера полицијата приведе три малолетни лица, странски државјани, откако биле фатени како во вечерните часови кај месноста Ајватовски рид, во близина на скопската населба Илинден, со сомнителни предмети се обидуваат да подметнат пожар.