сабота, 20 декември 2025

Француските бизнисмени запознати со можностите за инфраструктурни проекти во Македонија

Унапредувањето на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република беше тема на разговор на денешнатаа средба во Скопје меѓу вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, информираат од Министерството за транспорт, присуствуваа и претставници на бизнис-заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.

На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а беа разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ