Посетата на Фон дер Лајен доаѓа по одлуката на Брисел да ја оддели Албанија од Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. На 15 октомври Албанија треба да ја одржи втората меѓувладина конференција, по што ќе го отвори првиот преговарачки кластер.
За Македонија процесот е во застој поради неспроведување на Преговарачката рамка со ЕУ, вклучително и условот да се промени Уставот и во него да се внесе бугарското малцинство.






