среда, 11 март 2026

Финансиски друштва за брзи кредити лажеле граѓани, Министерството за финансии констатирало измамнички трговски практики

Министерството за финансии (МФ) денеска информираше дека извршило надзор над работењето на финансиските друштва и констатирало одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

Објавено на

часот

Сподели

При надзорот било констатирано дека дел од финансиските друштва за брзи кредити се рекламирале со 0 отсто камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци.

„Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страница од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво“, информираа од Министерството за финансии.

Оттаму дополнуваат дека на сите финансиски друштва кај коишто биле утврдени неправилности, Министерството им наложило да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда, во спротивно, се наведува во соопштението, МФ ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

„Имено, во насока на усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно дозволата за работа издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб страна, која јасно укажува за кое финансиско друштво станува збор. Согласно Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка доколку во содржината изостануваат битни инфромации што на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука“, велат од Министерството за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ