петок, 9 мај 2025

Финансиската полиција влезе во Пин петрол

Финансиката полиција од утрово спроведува акција во Куманово, дознава неофицијално МКД.мк. Полицијата врши претрес во фирмата Пин петрол во која вработена била Габриела Спасовска Крстевска.

Објавено на

часот

Сподели

Според засега неофицијалните информации Габриела Спасовска Крстевска е осомничена за проневера на пари кои фирмата била должна да ги исплаќа кон Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Според информациите во акцијата е приведена Спасовска Крстевска.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Според јавно достапните информации Пин петрол е фирма која поседува бензинска пумпа, станица за технички преглед, перална за автомобили, комби, автобуси, камиони, супермаркет и ресторан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ