Акцијата следи по двегодишна опсежна предистражна постапка на Управата за финансиска полиција, што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривичните дела злосторничко здружување од член 394 од КЗ на РСМ, даночно затајување од чл.279 од КЗ на РСМ, даночна измама од чл.279-а од КЗ на РСМ и перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од КЗ на РСМ, со намера организаторите и припадниците на групата да се стекнат со противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет“, соопштија од Управата.
По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението, во акцијата со асистенција на САЕ „Тигар“ од слобода се лишени седум лица кои се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот.






