Според УФП, пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во одделението за материјално финансиско работење во сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при Општата болница Прилеп, во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2021, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени пари од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020 година присвоил 6.568.726 денари и за 2021 година присвоил 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на болницата за 15.063.284 денари“, пишува во соопштението.
Од УФП додаваат дека по насоки на ОЈО Прилеп, утрово службени лица од Управата за финансиска полиција гоуапсиле пријавениот и истиот е изведен пред судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.






