понеделник, 15 декември 2025

Финансиска помош од државата и снимање на судската постапка, бараат семејствата на починатите во „Пулс“

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.

Објавено на

часот

Сподели

Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.

„Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од Судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка“, се истакнува меѓу другото во барањето од здружението.

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули, во 18:05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ