недела, 14 декември 2025

Финансиска полиција во акција, фирми во Липково, Куманово и Желино се сомничат за криминал од 7 милиони евра

Инспекторите на Управата за финансиска полиција од утрово се во голема акција во Липково, Куманово и Желино. Се вршат претреси на повеќе локации поради сомневање за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која е осомничена за избегнување на законските обврски при набавка и продажба на нафтени деривати. Сторениот криминал е проценет на седум милиони евра, потврдуваат од Финансиската полиција и најавуваат повеќе детали за акцијата во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ