понеделник, 2 февруари 2026

Финансиска полиција: Откриена измама со намерен стечај да се избегне данок од 390 илјади евра

Т.З. од Гевгелија доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција поради сомневање за сторено кривично дело „намерно предизвикување стечај“, согласно член 254 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Т.З. како сопственик и управител на друштвото за производство, трговија и услуги Школка ДООЕЛ Демир Капија, свесно и со умисла, а по добиени насоки и совети и во заеднички договор со управителот на Гама винери ДОО Гевгелија – Александрос Манасидис, на 1 јуни 2022 година ја основал Школка и ја ставил на располагање за извршување на кривичното дело намерно предизвикување стечај. Преку Школка го презел целокупното деловно работење, како и сервисирањето на побарувањата и обврските во име и за сметка на Гама винери, освен обврските кон две физички лица – Д.Т. и З.Б. и едно јавно претпријатие – ЈПКР Бошава ЦО Демир Капија. Со тоа првопријавениот овозможил, по поднесен предлог од страна на наведените лица, во својство на доверители, на 2 октомври 2024 година над Гама винери да биде отворена стечајна постапка. Така, Т.З оневозможил Управата за јавни приходи од Гама винери  по основ на решение за присилна наплата на парични побарувања спрема должникот Гама винери да наплати побарувања по основ на даноци во вкупен износ од 24.855.579 денари, од кои 20.452.000 денари данок на додадена вредност и 4.403.579 денари персонален данок на доход, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ.

Т.З. од деловното работење на правниот субјект присвоил парични средства во вкупен износ од 4.145.899 денари од дневниот промет на правниот субјект, за кои средства, во сметководствената евиденција не пресметал, не евидентирал и не уплатил персонален данок на доход во износ од 460.609 денари по стапка од 11,11% и данок на добивка во износ од 414.590 денари по стапка од 10%, на кој начин пријавениот го оштетил Буџетот на РСМ по основ на даноци за вкупен износ од 875.199 денари, соопшти Финансиската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ